Уапсен 22 годишен струмичанец, физички ја нападнал сопругата и ја повредил

 Уапсен 22 годишен струмичанец, физички ја нападнал сопругата и ја повредил

Полицијата соопшти дека вчера во 15:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 22 – годишен жител на Струмица. Според пријавеното, тој на 07.12.2025 физички ја нападнал неговата сопруга, при што ѝ нанел повреди. 

Тој е задржан во Полициска станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива илустрација

Share via
Copy link