fbpx

Уапсен крадец-„оперирал“ во куќи во Радовиш

 Уапсен крадец-„оперирал“ во куќи во Радовиш

Нa 09.12.2024 во 13.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.С.(32) од село Баница, струмичко. Тој се сомничи дека на крајот не месец ноември и на почетокот на декември извршил четири тешки кражби на дрзок начин во куќи на подрачје на Радовиш, при што одзел пари, накит и други предмети во вкупна вредност од 1.159.050 денари.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а на 10.12.2024 во службен разговор во просториите на ОВР Радовиш ги признал делата.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случаите против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: илустрација

Share via
Copy link