Учениците од СОУ „Јане Сандански“ добија нов спортски комплекс од отворен тип за кошарка, фудбал и одбојка

 Учениците од СОУ „Јане Сандански“ добија нов спортски комплекс од отворен тип за кошарка, фудбал и одбојка

Од денеска ставено е во употреба, а на увид во завршениот комплекс беа градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков и министерот за спорт Борко Ристовски. Градоначалникот Јанков задоволен од завршувањето на овој проект, потенцираше дека покрај учениците од училиштето, ќе можат да го користат и граѓаните за рекреативни потреби.

-Поставена е модерна полипропиленска подлога, нови спортски реквизити за кошаркарското, фудбалското и одбојкарското игралиште, има соодветно оградување на просторот меѓу фудбалското и кошаркарското игралиште и е поставена трибина. Наше е, заедно Општината и ЈП „Паркиралишта Струмица“ да извршиме и дополнително осветлување на овој спортско-рекреативен центар за да може граѓаните да го користат и во ноќни услови. Овие игралишта, претежно се наменети за учениците на гимназијата, но и за рекреативни потреби на нашите сограѓани. Овде нема да застанеме, ќе имаме реконструкција и изградба на нови училишта како во градот така и во населените места. Изразувам голема благодарност до министерот Борко Ристовски за разбирањето за овој проект и за реализацијата од негова страна, изјави градоначалникот Јанков.

Министерот Ристовски истакна дека му е драго што и Струмица доби вакво мултифункционално игралиште, затоа што Струмица со години беше запоставувана и не се градеа вакви големи спортски центри кои се од големо значење и за учениците, но и за сите оние коишто сакаат да рекреираат. Тој им се заблагодари на градоначалникот Петар Јанков и на директорката на училиштето Зорица Витанова за соработката во реализацијата на овој спортско-рекреативен центар.

Share via
Copy link