fbpx

Уметничко – протестен перформанс на Иницијативата „Култура или фис-култура?“ во Струмица

 Уметничко – протестен перформанс на Иницијативата „Култура или фис-култура?“ во Струмица

Иницијативата „Култура или фис-култура?“ денеска организира уметничко – протестен перформанс со почеток од 12 часот, пред платото на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица.

Перформансот, како што велат од „Култура или фис-култура?“, e инициран од решението на Министерството за култура, за назначување на некомпететен кадар за генерален директор на НУЦК „АнтонПанов“ – Струмица и игнорантскиот однос на ресорното Министерство во решавањето на овој, според нив, горлив проблем.

Додаваат дека борбата за професионализам и докажување на вистината ја водат минувајќи низ тежок пат, убедени дека вистината е на нивна страна, а културата им припаѓа нив, на културните дејци.

Share via
Copy link