„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Уметникот Никола Пијанманов постави скулптура „Штркот и змијата“ во село Колешино
Во рамките на институционалниот грант во делот на децентрализација на културата и уметноста во југоисточниот дел на Македонија и зацврстување на соработката помеѓу локалната самоуправа и невладиниот сектор со цел развој на истите во село Колешино – Општина Ново Село, се постави скулптура „Штркот и змијата“, информираат од Здружението „Култ-Транзен“ од Струмица.
Скулптурата освен што има естетска вредност испраќа и силна порака за зачувување на животната средина во овој дел од државата.
Делото е на уметникот Никола Пијанманов.
Актерот и еко-активист Стојан Велков Трн запиша за скулптурата:
-Оваа праслика, која ја прикажува вечната борба на доброто против злото се случува во човека внатре, во одаите на длабоката размисла и битот на животот. Силната волја за правичност треба да се случи и по цена на смрт! Од таму, силната желба на авторот, да ни’ укаже што појарко и понепосредно, се восплотува во скулптура, која како што вели и самиот автор е „самиот миг пред напад“. Исходот од битката не е прикажан, не се знае кој ќе победи, но ТОКМУ ТОА го активира човечкото битие без страв да застане на страната на светлината.
Скулптурата е реализирана во материјал рециклирано железо и е поставена на карпа од автентичното поднебје.
Скулптурата ја подигна Здружение за култура и развој на креативни индустрии „Култ-Транзен“ во рамките на институционалниот грант добиен преку „Програма за јакнење на граѓанско општество – Цивика Мобилитас“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка спроведуван од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).