Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Вечер се отвора изложбата „Автопортрет во самоизолација„
Здружението „Транзен“ од Струмица вечер со почеток во 19:00 часот во клубот „Нагоре“ ја отвора првата изложба оваа сезона. Шеснаесет автори, сликари, ќе се претстават со своите автопортрети, сликарски искуства од изолацијата.
-Ги пробиваме алтернативните простори за галериско дејствување. Сакаме да ја доближиме уметноста до младата популација. Овој пат во клубот ,,Нагоре” Струмица. Задолжително е носење на маски и заштита. Изложбата ќе биде поставена еден месец, стои во поканата на „Транзен“ за изложбата.