Струмичани во најголем дел не знаат да го селектираат отпадот и ги кршат контејнерите
„Видливост“ и „Добрососедство“ продолжуваат со реализацијата на проектот „Растеме здрави деца”
Во рамките на проектот „Растеме здрави деца”, денес секое дете кое “Пешачеше за чиста и питка вода” и помина покарај Ловен дом Струмица од 10:00 часот до 11:30 часот, доби подарок.
-Кампањата беше со цел да ги образоваме децата за важноста од чување на животната средина и пешачењето како дел од истото, информираа организаторите.
Освен активностите за децата, проектот вклучува и донација на технологии кои влијаат на намалувањето на штетните последици од аерозагадување, вируси и други елементи што суштински го зголемуваат здравиот амбиент-животната средина во образовниот процес за едно основно општинско училиште на територија на општина Струмица, чиј број на деца не е помал од 800, а притоа не е влезено во ниедна друга програма или проект за донација.
Здруженијата „Видливост“ и „Добрососедство“ од Струмица, по извршените консултации со релевантни институции и согласно предлог проектот кој доби финансиска поддршка од Г1 програмата од буџетот на Општина Струмица, одлучија донацијата да ја добие ООУ “Никола Вапцаров” Струмица.