Во Домот за деца и млади отворена изложба од 13. Меѓународна ликовна колонија ,,Охрид 2024″

 Во Домот за деца и млади отворена изложба од 13. Меѓународна ликовна колонија ,,Охрид 2024″

Отворена е изложбата на слики од 13. Меѓународна ликовна колонија ,,Охрид 2024″ во организација на Општинската установа Дом за деца и млади ,,Благој Мучето” – Струмица. Оваа изложба за првпат се организира во друг град освен Скопје.

Организаторите на Меѓународната ликовна колонија, здружението ,,Мобилност”, преку својот Организационен одбор за уметност ја организираат во Охрид , а изложбата се отвора во „Порта“ во Скопје. Овој пат за првпат во друг град, во Струмица, кога Струмица живее под маски на прекрасниот Струмички карневал.

Изложбата ја отворија директорката Светлана Мазгалоска Вучетиќ и професорот Зоран Јакимовски, претседател на Организациониот одбор, а свое обраќање имаше и претседателот на “Мобилност”, Бранимир Јованов.

На оваа колонија, 13 по ред, редовно учествува и нашата позната ликовна уметничка Роза Мојсовска и нејзини 6 дела беа составен дел од изложбата.

Изложбата ја посетија голем број на претставници на институции, ликовни уметници, наставници, професори по ликовно образование и многу други љубители и почитувачи на ликовната уметност и истата е со продажен карактер.

Share via
Copy link