Костадинов се реакција на изјавата на Мицкоски Струмица да аплицира со проекти
Во ОУ „Маршал Тито“ се одржа хуманитарен настан по повод Рамазан Бајрам
Во ООУ „Маршал Тито“ во Струмица денес се одржа хуманитарен настан по повод празникот Рамазан Бајрам под мотото „Да бидеме светлина за некого“. На настанот присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски и претставници на Одделението за образование во општина Струмица.
Собраните средства ќе бидат уплатени на Црвениот крст, а наменети за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.
Настанот е поддржан од проектот „Отворете ги прозорците“, преку Детската Фондација Песталоци. Преку овој проект кој се реализира во училиштето трета година по ред, ООУ „Маршал Тито“ Струмица ќе се опреми со асистивна технологија наменета за учениците со ПОП, со која ќе се подобри квалитетот на наставата преку користење на современи нагледни средства.