Во три сообраќајки во струмичко и радовишко повредени шест лица
Во три сообраќајки во струмичко и радовишко повредени шест лица
На 15.08.2025 во 09:45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Ново Село, кај с.Секирник, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотокултиватор „окај“ без регистарски таблици, управуван од Д.М.(77) од с.Секирник и товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски таблици, управувано од А.Ј.(40) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.М., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.
На 16.08.2025 во 16:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на локалниот пат с.Босилово-с.Радово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски таблици, управувано од С.Т.(18) од с.Радово, и патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(53) од с.Босилово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Ј., а со телесни повреди се здобил возачот С.Т., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 16.08.2025 во 04:20 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на регионалниот пат од с.Подареш кон с.Ораовица, на место викано „Смрдлива дупка“, радовишко, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „опел“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) и запрежно возило, управувано од Ј.Т.(66), двајцата од с.Подареш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички од запрежното возило Л.Т.(66) и М.Т.(37), а со телесни повреди се здобил Ј.Т., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.