fbpx

Водата во Општина Василево не е за пиење и употреба

 Водата во Општина Василево не е за пиење и употреба

ЈПКД „Турија“, Василево ги информира жителите од населените места во општина Василево, (Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија) кои со вода за пиење се снабдуваат од Брана Турија, односно преку филтер станиците Ташли Баир и Добрашинци, но и жителите на Дукатино,Сушево и Владевци дека водата моментално не е за употреба и пиење,по направените најнови физичко хемиски и микробиолошки анализи.

Во општина Василево остануваат да важат мерките од претходните известувања во Февруари 2024 и од јануари 2023 година.Општина Василево веќе подолг период презема мерки за обезбедување на питка вода за населението.

Обезбедени се диспанзери,шишиња вода во училиштата и градинката.Обезбедени се канистри со вода за пиење на населението, а од утре ќе функционира и цистерна за вода обезбедена со помош на општина Радовиш.

Општина Василево побара дополнителни анализи на водата за пиење во наредните денови и од Центарот за јавно здравје и паралелна анализа од акредитирани лабаратории.Екипите се на терен и работат на надминување на состојбата и решавање на проблемот за што граѓаните ќе бидат дополнително информирани.

-Општина Василево изминатиот период направи сериозен зафат на филтер станицата Ташли Баир, ја променивме кварцната песок, која претходно никогаш не беше променета од 2006 година,односно од изградбата на самата филтер станица. Исто така променета е и целата електроника, стои во известувањето од ЈПКД „Турија“-Василево.

Share via
Copy link