Возач потешко повреден откако излетал на улица во Гевгелија

На 20.01.2026 во 18:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на сервисна улица покрај автопат „Пријателство“, кон Граничен премин Богородица, патничко возило „даихатсу“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од село Петрово, гевгелиско, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.