fbpx

Забранетата водата за пиење во Босилово, Робово, Радово и Секирник

 Забранетата водата за пиење во Босилово, Робово, Радово и Секирник

ЈПКД „Огражден“ Босилово ги известува граѓаните на населените места Робово, Радово, Секирник и Босилово дека водата од водоводната мрежа, заради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење, во согласност со правилникот за вода за пиење, не треба да се користи како вода за пиење. Водата може да се користи исклучиво како техничка вода.

Горенаведеното ќе се почитува се додека не ги добиеме следните резултати од акредитираната лабораторија за испитување на вода за пиење.

На известувањето на комуналното претпријатие реагираа од Советничката група на СДСМ.

-Советничката група на СДСМ јавно бара свикување на ИТНА седница на советот на општина Босилово по повод објавата за користење на водата како техничка.Воедно бараме да се направи „анализа“ во сите населени места кои ја користат водата од водоводот.Да се разгледаат анализите од претходните месеци и да се утврди цена на водата како техничка се додека истата не се донесе во состојба за питка вода за пиење.Доколку анализите покажуваат дека квалитетот на водата не ги исполнува стандардите од претходните месеци, ке бараме одговорност од Градоначалникот и директорката на комуналното претпријатие, стои во објавата на советничката на група на СДСМ Босилово.

Share via
Copy link