Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Започна тридневната научна конференција “Балкански монашки светови”

Синоќа во Манастирот Свети Леонтиј во Водоча започна тридневната научна конференција на тема “Балкански монашки светови – Дијалози за монаштвото, теологија и култура”, организирана од страна на Институтот за духовно и монашко наследство на Балканот „Наследството на пустината“ и Институтот за литургија и црковна уметност при Православниот богословски факултет во Белград.
Присутните гости од име на домаќинот- организатор ги поздрави викарниот Епископ Стобиски г. Јаков- претседател на Институтот „Наследство на пустината“, а поздравни слова испратија и Неговата светост, патријархот српски г. Порфириј и Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.
На свеченото отворање свое излагање имаше Митрополитот Струмички г. Наум на тема „Исихазмот како предание на внатрешно, царско и есхатолошко свештенство“.

Меѓу гостите беа директорката на КОВЗРГ, Оливера Трајковска, пратеници, градоначалници, советници, академици, претставници на политичкиот и општествениот живот, како и црковни великодостојници, митрополити, епископи, архимандрити, игумени, дел од свештенството и монаштвото на Македонската православна Црква – Охридска Архиепископија и Српската Православна Црква.
Научната конференција завршува в недела со одржување тркалезна маса на тема „Гласот на пустината во современата теологија: Исихастичката мисла и отечкото предание во дијалогот со современото богословие.“