Запрежно возило натоварено со бесправно исечени дрва излетало од патот од планината Плачковица кон Радовиш, едно лице потешко повредено

 Запрежно возило натоварено со бесправно исечени дрва излетало од патот од планината Плачковица кон Радовиш, едно лице потешко повредено

МВР соопшти дека вчера во 14:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на регионалниот пат Р 2431 од планината Плачковица кон Радовиш, запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва, излетало надвор од патот. При тоа, со тешки телесни повреди се здобил Џ.Б.(23) од Радовиш, а повредите биле констатирани во Медицински центар Штип.

Увид на местото е извршен од екипа на ОВР Радовиш. А.Б. (45) и К.Б., кои исто така се превезувале на запрежното возило, со возилото го напуштиле местото на настанот, но по преземени мерки од  страна на полициски службеници, возилото и дрвата се пронајдени и предадени на Шумска полиција Радовиш.

Share via
Copy link