fbpx

Зоран Балдовалиев не е веќе член на Тиквеш

 Зоран Балдовалиев не е веќе член на Тиквеш

Kaко што пренесува Спорт Медиа, Зоран Балдовалиев не е веќе член на Тиквеш.

Искусниот напаѓач по само неколку месеци престој во Кавадарци, не е веќе фудбалер на овој тим. Навистина фрапантно, но зошто е тоа така, зошто дојде до тоа Тиквеш да се откаже од искусниот напаѓач, веројатно има дебели причини за тоа.

Сепак и покрај тоа што во нападот тренерот Раде Цицмиловиќ ќе го нема голгетерот, Тиквеш и тоа како има квалитетен тим за да дојде до целта, а таа пласман на првото место на табелата во новата 2020/2021 сезона во Втората лига – исток и враќање по долги години во Првата лига на Македонија.

Share via
Copy link