fbpx

Заев: Добив реакции од различни страни за изборот и комуникацијата со новинарите во Собранието

 Заев: Добив реакции од различни страни за изборот и комуникацијата со новинарите во Собранието

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук објави дека добил реакции за како што вели тој изборот на зборови и комуникацијата која ја имал со новинарите по конститутивната седница во Собранието.

„Добив реакции од различни страни од новинарската фела за изборот на зборови и начинот на комуникација со дел од новинарите во Собранието, после конститутивната седница. Ги прифаќам забелешките на ЗНМ и фелата и во размена на мислења со нив веќе укажав дека сите треба да се потрудиме за подобра комуникација во иднина и дека немам никаква намера да влијаам врз работата медиумите и новинарите. Секој пред јавноста е одговорен за своите постапки, а сите имаме обврска секојдневно и здружено да работиме на оневозможување на ширењето на лажните вести, на запирање на клеветите, навредите и нападите врз која било индивидуа, вклучително и врз медиумските работници“, напиша Заев на Фејсбук.

Share via
Copy link