Имаме обврска заради генерациите кои доаѓаат да ја чуваме жарта за општествени промени да тлее. Ова е повикот за мобилизација што вечерва од митинг во Неготино го упати д-р Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина. „После сите жртви што ги направивме како прогресивна и државотворна партија, недозволиво е сега да потклекнеме пред старите режимски политики. Ако сега се откажеме од борба, тоа е уништување на иднината за многу генерации“, рече Филипче. Тој вели дека е свесен за разочараноста на народот и заморот на долгиот пат кон Европската Унија, постојаните барања и покрај сè што направивме. „Но, СДСМ секогаш гледа подалеку од дневно политичките интереси. СДСМ е единствена партија која го исправа кормилото на бродот кога тој ќе биде повлечен во погрешен правец. СДСМ е единствена партија која и&
Младите се движечката сила, покренуваат револуции и создаваат иновации и затоа нивните идеи се клучни за развојот на едно здраво и демократско општество. Ова го истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче на трибина со млади во Струмица.„Едно општество е живо колку што е мотивирана […]
-Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, не сум се откажал и ме охрабрува фактот дека активистите веќе се мобилизираат. Ова е впечатокот на д-р Венко Филипче откако денес ги продолжи активностите на терен во Изборната единица 4 каде што е носител на листата на кандидатите за […]
Заклучно со 19 часот заврши гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори во Северна Македонија на кои право на глас имаат 1.814.317 избирачи, на вкупно 3.480 избирачки места. Гласачките места беа отворени утрово во 7 часот.Според податоците од интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК), одѕивот на претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61отсто, […]
Според податоците на Државната изборна комисија до 15 часот во општина Струмица од вкупно запишаните 49.649 граѓани гласале 12.435, односно 35,87%, во општина Василево од вкупно запишаните 10.852 граѓани гласале 3296, односно 30,37%, во општина Ново Село од вкупно запишаните 10.929 граѓани гласале 2926, односно 26,78%, а во општина Босилово од вкупно запишаните 12.169 граѓани […]
До 9 часот излезноста на првиот круг претседателски избори на ниво на цела држава е 3,85 отсто. Гласањето се одвива мирно и без неправилности. Од регистрираните 49.649 избирачи правото на глас во општина Струмица го искористиле само 4,67 отсто или 2.316 гласачи. На сите 83 избирачки места гласањето тече без никаков проблем и не се […]
Откако денеска Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача на Николоски дека не може да зборува за злоупотреба на професија, бидејќи тој нема професија и не знае што е тоа. „Александар Николоски очигледно не знае што е злоупотреба на професија затоа што тој нема професија. Како доктор и хирург […]
СДСМ и во својот нов мандат ќе продолжи да се грижи за тутунопроизводителите преку воведување на дополнителни мерки за нивна поддршка и вреднување на нивното производство. Ова го истакна д-р Венко Филипче во изјава за медиумите дадена денеска од Прилеп во рамки на неговите активности како носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ […]
На фејсбук групата „И јас сум Венко Филипче“ кадешто се споделуваат интересни приказни на пациенти кој биле излекувани од Венко Филипче, во текот на вчерашниот ден беше споделен исказ од жена која итно морала да разговара со него за време на митингот на СДСМ и коалицијата во Скопје. Таа споделува искуство дека и покрај тоа […]
„Многу човечки животи се спасени заради неговите интервенции, неговите дијагнози, неговите операции. Просто кажано станува збор за човек кој ти е мерак да го гласаш“, вакви зборови упати кандидатот за претседател Стево Пендаровски за д-р Венко Филипче, носител на листа на Изборна единица 4. Пендаровски вечерва караванот за претстојните претседателски избори го продолжува од Радовиш […]