Имаме обврска заради генерациите кои доаѓаат да ја чуваме жарта за општествени промени да тлее. Ова е повикот за мобилизација што вечерва од митинг во Неготино го упати д-р Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина. „После сите жртви што ги направивме како прогресивна и државотворна партија, недозволиво е сега да потклекнеме пред старите режимски политики. Ако сега се откажеме од борба, тоа е уништување на иднината за многу генерации“, рече Филипче. Тој вели дека е свесен за разочараноста на народот и заморот на долгиот пат кон Европската Унија, постојаните барања и покрај сè што направивме. „Но, СДСМ секогаш гледа подалеку од дневно политичките интереси. СДСМ е единствена партија која го исправа кормилото на бродот кога тој ќе биде повлечен во погрешен правец. СДСМ е единствена партија која и&
Tags : Филипче
Откако денеска Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача на Николоски дека не може да зборува за злоупотреба на професија, бидејќи тој нема професија и не знае што е тоа. „Александар Николоски очигледно не знае што е злоупотреба на професија затоа што тој нема професија. Како доктор и хирург […]
„Многу човечки животи се спасени заради неговите интервенции, неговите дијагнози, неговите операции. Просто кажано станува збор за човек кој ти е мерак да го гласаш“, вакви зборови упати кандидатот за претседател Стево Пендаровски за д-р Венко Филипче, носител на листа на Изборна единица 4. Пендаровски вечерва караванот за претстојните претседателски избори го продолжува од Радовиш […]
Денеска од Струмица д-р Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, порача дека СДСМ ќе внесе нова економска енергија за европски раст и стандард на граѓаните и бизнис секторот. „Најуспешни се оние земји во кои се создаваат бизниси, каде што има претприемачка идеја и средина која […]
„Секогаш е пријатен муабетот со пензионерите, затоа што тие се мудри, искусни и нивните совети се секогаш добредојдени“, рече д-р Венко Филипче, кој во рамки на својата агенда како кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата денеска оствари средба со Здружението на пензионерите во Струмица. Во изјава за медиумите по остварената средба, д-р Филипче се […]
Дочекан со аплаузи и овации, носителот на листа на Изборна единица 4, д-р Венко Филипче го отвори централниот караван за парламентарните избори на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кој попладнево започна во Демир Капија и Гевгелија. Во своето вечерно обраќање во Гевгелија д-р Филипче говореше за своите лични заложби како пратеник во Собранието и […]
Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе биде со пациентите во операционата сала, но смета дека ќе може да помогне на многу повеќе пациенти и на многу негови колеги доктори како пратеник. Филипче преку видеото, на стартот на кампањата за Парламентарните избор 2024, одговара зошто се враќа […]
Носителот во изборна единица 4, Д-р Венко Филипче денес во Кавадарци се сретна со голем број граѓани. Разговараше со пензионерите, дијабетичарите и здравствените работници со цел да се запознае со предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Филипче има за цел лично да разговара со огромен број на граѓаните во кампањата бидејќи како што вели […]
Денес од Гевгелија сакам да порачам дека состојбата на теренот и поддршката која ја добиваме од граѓаните е одлична. На терен се потврдуваат сомнежите за местените на анкети на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа не е ни чудо што никаде ги нема, а регионални штабови отвораат една недела по почнување на кампањата. Од ден во ден, од посета […]
Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Kоалицијата за европска иднина во Изборна единица 4, д-р Венко Филипче вчера беше во Радовиш каде што оствари средби со пензионери и со лица со дијабетес со коишто разговараше за мерките предвидени во новата „Програма за европска иднина“. На средбата со пензионерите, д-р Филипче потсети […]