„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен: физички напади во Струмица и Банско, казни за брзо возење
На 07.07.2021 година во 22.30 часот во Полициска станица Струмица, А.М. (46) од Струмица пријавил дека околу 21.30 часот на улица „Јанко Цветинов“ во Струмица бил физички нападнат од А.С., Р.М. и С.М., сите од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.07.2021 година во 23.40 часот во Полициска станица Струмица, Ш.А. (35) од село Банско пријавил дека околу 20.00 часот во село Банско пријавителката и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати од Џ.Н., Ш.Н. и С.Н., сите од село Банско. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден (07.07.2021), во периодот од 07.00 до 11.00 часот, презеде засилени мерки над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 16 прекршувања на брзината, од кои четири возачи биле санкционирани поради управување со возило со брзина помегу 30 и 50 километри на час над дозволената.
Констатираните прекршоци биле соодветно санкционирани.
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (07.07/08.07.2021), по однос на задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 2 лица во Радовиш не ја почитувале мерката и ќе следуваат соодветни поднесоци.