Заради сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш сообраќајот во прекин повеќе од 4 часови
Изгаснат пожарот над селото Вељуса

Денеска ТППЕ Струмица со 5 против пожарни возила и 13 пожарникари – спасители интервенираше на гаснење на запалена нискостеблеста шума во атарот на село Вељуса со површина од околу 2 хектари, соопштија струмичките пожарникари.

-Благодарение на брзата интервенција пожарот беше успешно локализиран и ликвидиран, стои во објавата на ТППЕ Струмица.