fbpx

Заев ветува платени придонеси за секој нововработен млад човек

 Заев ветува платени придонеси за секој нововработен млад човек

Лидерот на СДСМ ги повика жителите на општина Аеродром на претстојните локални избори да го дадат својот глас за СДСМ и коалицијата, која ја води кампањата со мотото „Најдоброто за мојата општина“

Еден од најновите чекори што ги преземаме, а кој значи уште поголема мотивација за секој млад човек да тргне на работa е дека од 1 јануари, за два и пол месеци од сега, државата ќе ги плати придонесите за секој млад човек што ќе тргне на работа, односно ќе биде нововработен. Дополнително, оние кои немаат практично искуство ќе бидат поддржани преку практиканство во фирмата кое државата директно ќе го покрие, рече Зоран Заев лидер на владејачката СДСМ на денешниот митинг во Аеродром.

Тој додаде дека следуваат и дополнителни стимулации за нововработените млади.

„Младите се нашиот двигател, нашата енергија, нашата иднина и затоа четири години сериозно вложуваме во нив: Инвестиравме во издржани, реални, младински политики, за младите да останат овде и овде да ја градат својата иднина. Ве повикувам драги млади следете ги можностите кои доаѓаат и на централно и на локално ниво. Тие се пред вас. Државата, градот, општините ви ги обезбедуваат, останете дома во своите општини и ангажирајте се на пазарот на трудот“,рече Заев.

Тој потсети дека досега само преку ФИТР се поддржани 85 милиони за стартапи и проекти на младите луѓе.

„Ние сме првата држава која иако не е членка на ЕУ ја развива и спроведува младинската гаранција преку која изминатите години се вработија надд 8 400, а во првите шест месеци од оваа година се вработија 2 066 млади луѓе“,

Премиерот рече дека грижата за младите ја пренесуваат и на локално ниво.

„Градиме општини кои се партнери со младите, кои го слушаат нивниот глас и ги следат нивните потреби. Воведуваме нов дигитален систем за непосреден контакт за младите со градоначалникот. На секоја младинска иницијатива која ќе се достави до општината и градоначалникот ќе биде одговорено за најмногу 10 дена. Продолжуваме со отворање на младински центри и младински локални совети во сите општини. Младите носат промени, нова енергија и нов дух. Затоа ги вклучуваме во процесите на одлучување и креирање политики како на центрано, така и на локално ниво. Следните четири години ги посветуваме на младите“,рече Заев.

Share via
Copy link