Костадинов во утринска посета на „Комуналец“
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, утрово беше во посета на ЈПКД „Комуналец“, каде се сретна со раководството на претпријатието.
-Со ред и дисциплина, можеме уште повеќе и уште подобро за почиста и поубава Струмица. Вака, рано утрово, се договоривме со раководството и вработените во ЈПКД ,,Комуналец”.Работниот ден го започнав таму за да видам како се организираат за денешните работни задачи, но и поразговаравме за моменталната кондиција на претпријатието во исполнувањето на обврските и испорачувањето на квалитетни услуги кон граѓаните.Како единствено јавно претпријатие коешто се грижи за чиста и квалитетна вода за пиење, за отпадните и атмосферските води, отпадот, за одржување на јавната чистота и зеленило, за пазарите и градските гробишта, има потреба од проширување и модернизирање на механизацијата за поефикасно извршување на сите услуги во корист на граѓаните.Ја давам мојата максимална поддршка и помош за чиста oпштина, здрава вода за пиење и квалитетно уредени и одржувани зелени површини,но и со висока свест за одржување на чистото околу нас.Им посакав успешен работен ден и продолжив со моите обврски планирани за денеска.Со срце и ум за новата верзија на Струмица, објави Костадинов.