fbpx

Струмица домаќин на меѓународниот турнир во борење слободен стил „Македонски бисер“

 Струмица домаќин на меѓународниот турнир во борење слободен стил „Македонски бисер“

Утре во Струмица почнува 45. издание на Традиционалниот меѓународен турнир во борење во слободен стил за сениори.

Според информаџиците од Боречката федерација на Македонија на турнирот се очекува да учествуваат борачи од Русија, Англија, Куба, Косово, Хрватска, Молдавија, Србија, Грција, Албанија, Бугарија,Словенија и Република Северна Македонија.

Борбите почнуваат утре претпладне во салата на Средното училиште „Димитар Влахов“ во Струмица, а финалните борби, свеченото отворање и доделување на медалите е закажано за попладне.

Share via
Copy link