fbpx

Еден починат, 15 нови и 8 оздравени од Ковид-19 во Струмица

 Еден починат, 15 нови и 8 оздравени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа направени се 2.938 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19 во:

· Скопје – 190· Битола – 43· Прилеп – 27· Кавадарци – 19· Кочани – 16· Велес и Струмица – по 15· Охрид и Берово – по 13· Ресен – 11· Куманово и Штип – по 10· Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево – по 6· Крива Паланка и Кратово – по 5· Валандово – 4· Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3· Радовиш и Пробиштип – по 2· Гостивар, Струга, Дебар, Виница и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица:

3 починати лица од Скопје (67г, 75г и 79г) и по едно починато лице од Битола (53г), Велес (59г), Кавадарци (81г), Крушево (84г), Прилеп (66г), Пробиштип (73г), Радовиш (72г) и Штип (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 16.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово(1), Струмица(1) и Битола (1). Починатите лица се на возраст од 65-80г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Регистрирани сe 467 оздравени пациенти од:

· Скопје – 193· Куманово – 34· Битола – 26· Тетово – 24· Штип – 23· Кавадарци – 21· Прилеп – 19· Кочани – 18· Велес – 13· Делчево, Крива Паланка и Неготино – по 11· Гевгелија – 9· Струмица – 8· Свети Николе и Радовиш – по 6· Берово и Пробиштип – по 5· Ресен, Кичево и Кратово – по 4· Демир Хисар и Виница – по 3· Демир Капија – 2· Охрид, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.442.544 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.382, бројот на оздравени пациенти е 195.624, на починати е 7.406, а бројот на активни случаи изнесува 8.352.

Share via
Copy link