fbpx

Уапсен скопјанец кој превезувал мигранти од Куба

 Уапсен скопјанец кој превезувал мигранти од Куба

Вчера во 21:10 часот на наплатна рампа „Смоквица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Скопје.

При контрола во возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица – мигранти од Куба – Д.Х.А.А.(31), М.Р.Ј.А.(25) и И.Ц.В.А.(27).

Лицата биле предадени во полициска станица за понатамошна постапка. За случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link