„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Кризниот штаб препорача ковид-изолацијата да трае седум дена
Синоќа Главниот координативен кризен штаб ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.
-На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена.Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.Препораката е доставена до Владата на Република Северна Македонија и треба да биде дискутирана на следната владина седница, соопштија од Влада.