fbpx

Поставени бехатон плочки, бетониран сокак и се санираат потпорни ѕидови на неколку локации во градот

 Поставени бехатон плочки, бетониран сокак и се санираат потпорни ѕидови на неколку локации во градот

Деновиве Општина Струмица реализираше неколку активности предвидени во програмите за реализација за 2022 година.

-Се уреди дел од тротоар со бехатон плочки на улица „Цветан Димов“ на површина од околу 200 метри квадратни, a се бетонираше и сокак на улицата „Маршал Тито“ спроти старата Памучна.Во моментот се работи на санација на потпорни ѕидови и бетонирање на тротоар од левата страна на дел од улицата „Стив Наумов“, информираат од Општината.

Share via
Copy link