„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен:одземено југо, напад на малолетник
На 04.11.2022 во 01.30 часот во село Дабиље, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Џ.Д.(22) и О.Х.(40), двајцата од Струмица и О.А.(24) од Штип.
Тие биле затекнати во патничко моторно возило „југо“ со струмички регистарски ознаки, за кое претходно сопственикот Ц.Г. од Струмица пријавил дека му било одземено. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а возилото било вратено на сопственикот.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.11.2022 во 14.30 часот во Полициската станица Радовиш, А.И.(29) од село Дедино, радовишко, пријавила дека околу 12.30 часот во близина на основно училиште во село Дедино нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друго малолетно лице од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.