„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
КОСТАДИНОВ ВО ПОСЕТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВИ САД
Денеска градоначалникот на Општина Струмица во рамки на неколкудневната посета на Република Србија оствари средба со Милан Ѓуриќ, градоначалник на Општина Нови Сад на која, двајцата колеги разменија информации и искуства од управувањето со Општините, а најавија и почеток наинтензивна соработка на повеќе теми.
“Големо е задоволството да се биде гостин во официјална посета на Нови Сад, во Република Србија. На покана на домаќинот и мој колега, градоначалникот г‐дин Милан Ѓуриќ, престојувам во градот на мултикултурата и современиот симбол на младоста.Во рамки нареализираната официјална средба,разговаравме на теми од интерес и во таа смисла успеавме да ја пронајдеменишката која го поврзува овој град на Дунав со нашата Струмица. Иницирано одкултурната размена и реализацијата на првиот “GetEXITEd“ во Струмица, како делод светски познатиот фестивал “Exit“, преку моделот за еднаквост и толеранција,па сé до респектот кон природата и практикувањето спортски начин на живот, седоговоривме да започнеме процес на интензивна соработка помеѓу Нови Сад и Струмица. Заедносо Градоначалникот Ѓуриќ се согласивме оваа иницијатива да прерасне во пример и урнеккако, во рамки на процесот “Отворен Балкан“, треба да се работи, соработува и вокрајна линија, да се стекнуваат и шират нови познанства.“,изјави по средбата Костадин Костадинов, градоначалник на Општина Струмица.
“Во духот на балканската гостопримливост, денес со задоволство го пречекав Градоначалникот на општина Струмица, со кого реализиравме продуктивна средба. Разговаравме за можностите за соработка на двете општини и ги идентификувавме темите кои нѐ обединуваат и се од интерес за нашите сограѓани. Со колега како Костадинов, преку развој и реализација на интензивна соработка во областа на културата, спортот и меѓучовечките односи, убеден сум дека ќе поставиме нови реперикои ќе ни потврдат дека со ваква соработка – и на Балканот е можен успех!“, потенцираше Милан Ѓуриќ, градоначалник на Општина Нови Сад.
Во рамки на официјалната посета на Општина Нови Сад, Градоначалникот Костадинов исто така присуствуваше и на конференција за медиуми во чии рамки беше најавено второто издание на “GetEXITed”. На средбата, покрај двата градоначалници, присуствуваа и основачот и Директорот на Фестивалот “Exit“, Душан Ковачевиќ имузичката ѕвезда Ана Ѓуриќ ‐Костракта.