fbpx

Кубанци сакале да влезат во државата со фалсификувани документи

 Кубанци сакале да влезат во државата со фалсификувани документи

На 12.05.2023 во 07,00 часот на Граничен премин „Богородица“ полициски службеници ги привеле Ф.Р.А.(26) од Р.Куба, кој при пасошка контрола приложил шпанска дозвола за престој и М.И.Р.Т.(71) од Р.Куба, која приложила шпанска патна исправа и лична карта на име Р.Т.А.(71) од Шпанија, а по извршената дополнителна контрола е констатирано дека приложените документи се фалсификувани.

Лицата се предадени во Полициска станица Гевгелија, а за случајот е известен Јавен обвинител.

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл. 378 од Кривичниот законик, тие се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија и изречени им се соодветни санкции.

Фото: архива

Share via
Copy link