МОН до училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
Во сабота на 18 мај и 1 јуни основните училишта ќе ги одработуваат „неработните“ денови прогласени од Владата поради претстојн ите избори. Ова не важи за средните училишта и високообразовните институции.
Министерот преку допис ги известил воспитно-образовните иституции за оваа новина преку електронска пошта, на која претходеше друг допис, во кој ги информирал училиштата дека со одлука на Владата, 24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови за сите граѓани, заради непречено спроведување на изборите.
Наставниците се револтирани дека ќе треба да доаѓаат на работа и во сабота. Според СОНК, оваа одлука на министерот е дискриминирачка.
Побараа од министерот да го повлече ова известување, па деновите за гласањето на изборите и претседеателските , и парламентарните да бидат неработни и за основците. Од МОН денеска молк по однос на ставот на СОНК.
Вторниците пред избори ќе бидат работни за сите училишта. Само онаму каде што ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се рализира со скратени часови, од 7 до 11 часот.
Покрај овие две саботи поради изборите, основните училишта во Скопје ќе треба да реализираат настава во уште една, поради неработниот ден прогласен за самитот на ОБСЕ.