fbpx

Возач застанал по пукање на полицаец во гумата од автомобилот

 Возач застанал по пукање на полицаец во гумата од автомобилот

Вчера во 02:00 часот на автопатот А1, во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Б.К.(43) од село Злеово, радовишко. Околу 01:30 часот на регионалниот пат помеѓу селата Прдејци и Смоквица, гевгелиско, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото се обидел да удри еден од нив. Притоа, полицискиот службеник од службениот пиштол пукал во гумата на возилото и тој застанал.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По документирање на случајот против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link