fbpx

Костадинов: Кому му смета она што е направено за доброто на сите?

 Костадинов: Кому му смета она што е направено за доброто на сите?

Градоначалникот Костадин Костадинов реагираше на својот официјален фејсбук профил во врска со последниот вандалски чин во градот, кога беа запалени два контејнери, а во иста вечер настрадаа шест контејнери на четири локации.

„ Запалените контејнери се урбана опрема која, пред сé има значење за јавното здравје на сите нас и секој кој посегнува по него треба и мора драконски да биде казнет!Вакво дрско и недолично однесување кое се мери со вандализам е недозволиво. Ги охрабрувам сите надлежни органи и институции да го разрешат овој случај, а јас лично и понатаму ќе се залагам лицето на нашата Струмица да не се гнаси со вакви слики.Драги Струмичани, да не дозволиме неколку неодговорни лица со нивното недолично однесување да продолжат со уништување на она што се гради и создава во нашиот дом. Затоа, ве повикувам и поттикнувам да бидете одговорни граѓани – реагирајте, пријавете и превенирајте, за направеното да остане за сите нас и за идните генерации. ОВА НЕ Е И НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ЛИКОТ НА СТРУМИЦА!“ стои во реакцијата на градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link