fbpx

Со одлука на Советот, струмичани нема да плаќаат надоместок од 46.943 денари по домаќинство за приклучок на гасификационата мрежа на „Струмица – гас“

 Со одлука на Советот, струмичани нема да плаќаат надоместок од  46.943 денари по домаќинство за приклучок на гасификационата мрежа на „Струмица – гас“

Членовите на Советот на општина Струмица на денешната 39-та седница ја изгласаа предлог – одлуката за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем во 2024 година. Ова значи дека домаќинствата кои ќе се приклучат на системот ќе добијат по 46.943 денари, а субвенционирањето ќе се врши по принципот прв дојден прв услужен по објавувањето на Јавниот повик од страна на општина Струмица. Предлогот за субвенционирање на домаќинствата го даде градоначалникот Костадин Костадинов.

Советниците го изгласаа и ценовникот за приклучување на корисници на дистрибутивната гасоводна мрежа на ЈПЕД „Струмица – ГАС“ Струмица за 2024 година.

Share via
Copy link