fbpx

Одбојкарите со уште две силни контроли: Израел и Косово ќе бидат учесници на Меморијалот „Чајка“ во Струмица

 Одбојкарите со уште две силни контроли: Израел и Косово ќе бидат учесници на Меморијалот „Чајка“ во Струмица

Годинешното издание на Меморијалниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ ќе се одржи во периодот од 8 до 10 август во Струмица и ќе биде искористен како генерална контрола за нашата машка сениорска одбојкарска репрезентација пред почетокот на квалификациите за Европското првенство 2026 година. Одбојкарската федерација на Македонија заедно со членовите на семејството на истакнатиот спортски работник од Тетово и оваа година се потрудија турнирот да има интернационален карактер.

Годинава во Струмица ќе ги видиме селекциите на Израел и Косово кои ќе бидат ривали на нашата репрезентација во тридневно натпреварување. Меморијалот ќе се игра по системот „секој со секого“, што значи дека и селекторот Хари Наковски и неговите избраници ќе имаат можност да одиграа две силни контролни средби како последен филтер пред првиот меч со Грузија на 17 август.

Share via
Copy link