„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Испитување на „Галуп“: Македонците се вториот најгневен народ во Европа
Македонските граѓани се на второ место меѓу европските нации, на овогодишниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“, којшто покажува колкав дел од населението на секоја земја чувствува лутина или бес на дневна основа.
На листата, првото место го зазеде Турција, каде што 34 отсто од жителите секојдневно изразуваат одредена доза гнев. Македонците се втори, со 26 отсто од испитаниците кои изјавиле дека се чувствуваат лути во текот на денот. По нив следуваат Албанците и Црногорците (24 насто), а потоа и Шпанците (23 насто).
Од нашето опкружување, Бугарија, Србија и Косово се некаде при дното на листата, бидејќи меѓу 11 и 13 отсто од граѓаните од овие три земји изјавиле дека чувствуваат гнев во текот на денот. За Грците, таа бројка изнесува 21 отсто.
Земјите со најмал процент на гнев на дневна основа во Европа се Финска и Естонија (7 отсто), потоа – Португалија (8 насто), па следат Холандија и Хрватска (9 отсто).