fbpx

НОВУС објавува јавен повик за можности за вработување

 НОВУС објавува јавен повик за можности за вработување

Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ објавува јавен повик за можности за вработување за млади на возраст од 16 до 35 години кои имаат желба да ги зајакнат своите вештини и да добијат поддршка при процесот на вработување.

„Досега обуките ги поминаа 10 млади од кои 3ца се во процес на вработување, 4ца се во процес на завршување на практична работа и 2ца добија целосна финансиска поддршка за курс за кариерно надоградување“, ни посочија од здружението.

Преку проектот, ќе се обезбедат обуки за животни вештини и за вработливост, континуирана менторска поддршка и кариерно советување, психосоцијална поддршка, можност за учење на професионални вештини преку курсеви, можност за практикантство и поврзување со работодавци, запознавање и дружење со други млади лица и учество во други активности од интерес на младите.

Заинтересираните млади можат да се пријават преку следниот линк: https://forms.office.com/pages/responsepage.aspx?id=Vh5pZLd_n0qTu7qe1SZbWkcR9JsqcotBgbuBFIW-jAtUQzZaODRGODlPWUo3S1hMR1JDRVVQU1pSQi4u

Share via
Copy link