fbpx

Иако се изласа буџетот, парите од Мој ДДВ сè уште не се исплатени кон граѓаните

 Иако се изласа буџетот, парите од Мој ДДВ сè уште не се исплатени кон граѓаните

Веќе долго време исплатата на поврат на ДДВ доцни. Граѓаните скоро секој ден очекуваат да добијат исплата, на социјалните мрежи пишуваат дали некој веќе ги има добиено парите од повратот на ДДВ.

Исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни ќе се реализира во законскиот рок, односно до крајот на месец август, информираше Управата за јавни приходи.

„Подготовката на налозите за исплата на МојДДВ за второто тромесечје од 2024 година е во финална фаза. Управата за јавни приходи досега генерираше 330.888 налози за отпочнување на исплатата, а уште близу 150.000 налози ќе се генерираат за целосна реализација на процесот. За ова тримесечје, очекуваниот поврат е 858 милиони денари и ќе бидат исплатени на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за периодот април – јуни 2024 година.“, се вели во известието.

Од УЈП нагласуваат дека околу 6.500 граѓани имаат грешен запис за трансакциска сметка или воопшто немаат запис за трансакциска сметка и упатуваат апел најбрзо да ја внесат точно својата лична трансакциска сметка за да може да им биде извршен повратот.

Share via
Copy link