Попладнево голем пожар во близина на индустриската зона на Василево
Денеска околу 16:30 часот во близина на индустриската зона на Општина Василево избувна пожар кој ги загрози производствените погони, информираа од ТППЕ Струмица.
-Пожарот со голема брзина дојде до самите објекти и постоеше голема опасност да ги зафати истите, посебно погонот за производство на био дизел. ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 13 пожарникари-спасители веднаш интервенираше на лице место и набрзо потоа успеа пожарот да го стави под контрола и целосно да го ликвидира, стои во инфомрацијата на ТППЕ Струмица.
Екипи од пожарникари-спасители остануваат на локацијата за евентуалнио догасување на некои жаришта.