Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Полицски билтен:пронајдени стебла канабис,бела прашкаста материја,физички напади во Гевгелија и Радовиш
На 29.08.2024 во 13.15 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Д.Ј.(36) од Радовиш. При преглед на лицето биле пронајдени 25 семки од растението канабис, пластичен грендер и други предмети. Во службениот разговор тој изјавил дека семките ги набавил со намера да ги засади и одгледува. Врз основа на наредба на судија од Основен суд Радовиш, бил извршен и претрес во домот и просториите кои ги користи Д.Ј. во Радовиш и во село Шипковица, радовишко, при што во дворното место на куќата во село Шипковица биле пронајдени две стебла канабис. Д.Ј. е задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.08.2024 во 22.00 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.А.(21) од Струмица. При преглед на патничко возило „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управувано од негова страна биле пронајдени најлонски пакувања со бела прашкаста материја. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.08.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Гевгелија Д.З.(43) од село Смоквица, гевгелиско, пријавил дека на 28.08.2024 околу 22.00 часот во угостителски објект во Гевгелија бил физички нападнат од Б.П. од село Смоквица. Полициската станица Гевгелија презема мерки за расчистување на случајот.
На 29.08.2024 во 20.35 часот во Полициската станица Радовиш В.Д.(33) од Радовиш пријавил дека околу 20.00 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш пријавителот и лицата Д.Д., Д.М. и Н.Д. биле физички нападнати од други лица. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.08.2024 во 22.20 часот во Полициската станица Радовиш С.М.(32) од село Подареш, радовишко, пријавила дека околу 20.30 часот во село Подареш малолетниот син на пријавителката бил физички нападнат од З.„Н“ од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.