Градоначалникот Костадинов поканува на присуство на новогодишна бајка на плоштадот
СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице за „даночно затајување“
СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и управителот на правното лице Н.К. (31) од Струмица за кривично дело „даночно затајување“ по чл. 279 ст. 1 од КЗ, соопштија денеека од МВР.
На барање од СВР Струмица, УЈП Генерална дирекција Скопје изврши надворешна контрола на финансиското работење на правното лице и од нивна страна доставени се записници за извршена контрола за деловната 2021 и 2022 година, во кои е констатирано дека првопријавеното правно лице како даночен обврзник и второпријавената како управител на правното лице за деловната 2021 година помалку пресметал и платил персонален данок на добивка во износ од 2.975.466 денари.
Со контролата е утврдено дека во деловната 2022 година помалку е пресметано и платено персонален данок на добивка во износ од 3.335.998 денари. Од горенаведеното констатирано е дека пријавената како управител на правното лице, со цел да се стекне со против правна корист, го оштетила Буџетот на РСМ за вкупен износ од 6.604.860 денари.
Кривичната пријава е доставена до ОЈО Струмица.