„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
На влез во село Богородица откриени 11 мигранти
На 27.09.2024 во 03.50 часот на влез во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки „Богородица“ во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки пронашле 11 лица мигранти, од кои пет лица од Сирија и шест лица од Република Турција. Откако ги забележал полициските службеници, возачот на возилото го напуштил местото.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: архива