Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал

 Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал кој се одржа во Хотелот “Сириус“ во Струмица. Тие, вечер, заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат карневалското дефиле на Интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица.

На маскенбалот беше и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој заедно со неговата партнерка беа маскирани како Викинзи.

-Шаренило, креативност и незаборавна атмосфера! Струмичани уште еднаш потврдија дека знаат како да создадат магија под маски. Маските, изработени со посебен напор и љубов, носат уникатна убавина на вечерта, а маскенбалот во хотелот „Сириус“ ветува нова незаборавна карневалска авантура. Со секој детал, со секој изглед, се чувствува духот на традицијата, но и современата креативност која го прави нашиот карневал уште поспецифичен.Струмица, срце на карневалската традиција, продолжува да блеска со секоја нова година. Нека живее карневалот, нека живее Струмица!, објави синоќа струмичкиот градоначалник.

На вечерашното карневалско дефиле се очекува да учествуваат 35 групи во различни категории со учесници од земјава, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија.

Share via
Copy link