19 годишно момче од Миравци почина откако со автомобилот излетал од патот
Костадинов: Коловозите на возачите, тротоарите и јавните површини на пешаците!
-Го подигаме нивото на безбедност и ставаме ред на пешачките зони во централното градско подрачје.Поставени се нови заштитни столпчиња на повеќе места на булеварот „Ленинова“ кои беа критични точки за непрописно паркирањеи го ограничуваа движењето и ја загрозуваа безбедноста на пешаците.Ние ќе продолжиме со нашата грижа преку поставување на сообраќајна опрема во наша надлежност, но апелирам до возачите да се тргнат од пешачките зони, а несовесните да бидат казнети од надлежните институции.Ред и поредок мора да има за доброто на сите нас!, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.