Уапсен радовишанец затоа што предизвикал пожар

 Уапсен радовишанец затоа што предизвикал пожар

Вчера во 14 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода Р.И.(45) од Радовиш. Тој околу 13 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, извршувајќи градежни работи, користел апарат за заварување и со искрите предизвикал пожар на сува трева, кој брзо се проширил и зафатил сува трева и нискостеблеста шума. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share via
Copy link