Полициски билтен:пронајдена марихуана,потешко повреден велосипедист,физички напади

 Полициски билтен:пронајдена марихуана,потешко повреден велосипедист,физички напади

На 08.07.2025 во 16.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.И.(29) од Радовиш. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и дробилка. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 На 08.07.2025 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во 06.40 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(42) од Радовиш, удрило во велосипед управуван од Г.М.(41) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

На 07.07.2025 во 23.55 часот во село Долни Липовиќ, општина Конче, од страна на  полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш бил приведен С.Н.(53) од село Долни Липовиќ. Тој околу 21.00 часот во село Долни Липовиќ физички го нападнал С.С.(66) од истото село. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

На 08.07.2025 во Полициската канцеларија Богданци Џ.К.(41) од село Стојаково, општина Богданци, пријавил дека околу 20.45 часот во село Стојаково бил физички нападнат од Л.С.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link