Пиромани во струмичко на три локации подметнале пожари
-Синоќа околу 19 часот пироманите опасно се доближија до околните ридови на Струмица и блиските населени места. Додека наши тимови беа ангажирани на големиот пожар на Готен, на три локации речиси истовремено избувнаа пожари- Триводи, Градошорци и Куклиш, информираа од ТППЕ Струмица.
Според кажувањата на пожарникарите-спасители во близина на пожарот кај Три води се чувствувала силна миризба на запалена гума.
Веднаш беа мобилизирани дополнителни тимови од пожарникари-спасители и испратени на овие локации.
Сите пожари беа навремено локализирани и ликвидирани.