Пожарот кај Софилар го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, побарана помош од други пожарникарски единици

 Пожарот кај Софилар го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, побарана помош од други пожарникарски единици

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица, кај месноста Софилар, го гаснат 30 пожарникари и 10 против пожарни возила, а се очекува да пристигне помош и од други против пожарни единици од регионот.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за голем пожар кој зафатил голема површина и со голема брзина се шири кон месноста Софилар.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), Стојанче Ангелов, пожарот е ставен под контрола, а црниот чад е од запалени гуми.

Share via
Copy link