СДСМ Струмица:ВМРО ДПМНЕ да се одважи и да каже не на штетниот предлог закон за рударство
СДСМ Струмица:ВМРО ДПМНЕ да се одважи и да каже не на штетниот предлог закон за рударство
Интегрално соопштение на ОО СДСМ Струмица
Почитувани граѓани,
На лицемерието на ВМРО ДПМНЕ му нема крај.
Во деновите кога се фалеа со туѓи победи, а во врска со Казандол, кој патем договор го раскина во 2018 владата на СДСМ и тим кој на арбитража се бореше, беше составен од таа влада, во очи гледајќи истите тие денови преку Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави предлог закон кој сите тие слични рудници ќе ги легализира.
ВМРО ДПМНЕ е спремен да ја уништи и струмичката котлина, со ваков предлог закон, кој под крилјата на “стратешки проект” и од “национално значење”.
Законот е селективен, отворен за толкување по нивна мерка, па така сите постоечки рудници ќе можат да одработат и де факто да го зголемат својот капацитет во делот на цијанид, па оттука доаѓа и загриженоста.
Вака поставен предлог закон, кој сигурно ќе го модифицираат во уште полоша верзија за нардот и за луѓето кои живеат во тие средини, ќе донесе до егзодус на истите и убивање на природата околу тие рудници.
Ова лицемерие и ваквото манипулирање не смее да остане премолчено!Затоа сакаме, “борците за здрава котлина” од ВМРО ДПМНЕ Струмица да ги прашаме, дали ова не е лицемерие?Дали борбата за здрава котлина беше само во опозиција и ефтино собирање политички поени?И дали труењето на сопствениот народ има цена?
Ако сте загрижени за граѓаните, одважете се и кажете не на ваков “штетен” и “шверцерски” закон.Во спротивно, станувате соучесници во егзодус на природата и оние луѓе кои живеат во близина на тие рудници!!